• четврток, 07 ноември 2024

Македонските ракометарки го освоија 16. место на младинскиот Мундијал

Македонските ракометарки го освоија 16. место на младинскиот Мундијал

 

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) – Македонската женска младинска ракометна репрезентација загуби попладнево од Кина со 25-23 и го освои 16. место на Светското првенство до 20 години кое се одржува во Скопје.

Избраничките на селекторот Дарко Јанев беа во предност по првото полувреме (12-11), но потклекнаа во завршните 20 минути, препуштајќи им ја на крајот победата на кинеските ракометарки во натпреварот за 15 место на мундијалскиот турнир.

Македонските ракометарки на СП одиграа седум натпревари, постигнувајќи две победи во групната фаза, над САД и Ангола.

Главната фаза ја почнаа со нерешен резултат против Португалија, по што уследија порази од Црна Гора и Исланд, а во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место загубија од Јужна Кореја и Кина. ег ФОТО: МОк

Остани поврзан