• вторник, 07 април 2026

Македонските ракометарки ги стартуваа подготовките за дуелите со Германија и Словенија

Македонските ракометарки ги стартуваа подготовките за дуелите со Германија и Словенија

Скопје, 6.април 2026 (МИА) – Женската македонска ракометна репрезентација ги почна подготовките за претстојните два (последни) натпревара од квалификациите за Европското првенство. Селекторот Кристијан Грчевски повика 20 ракометарки за двата дуела, а повторно на списокот ја нема Сара Ристовска, која е во процес на рехабилитација.

Македонската репрезентација со победата над Белгија во Куманово (33:28) го обезбеди третото место во групата и на тој начин останува со шанси за пласман на завршниот шампионат.

Германија е актуелен светски вицешампион, а воедно и лидер во групата со макесимални осум бодови. 

Натпреварот со Германија македонските ракометарки го играат на 8.април (среда) во Скопје (СЦ Борис Трајковски) од 18 часот, а потоа останува и последното коло на гостински терен против Словенија во Велење. мн/

Фото: Фејсбук РФМ

Остани поврзан