• сабота, 23 ноември 2024

Македонските ракометари поразени од Полска на Европското кадетско првенство

Македонските ракометари поразени од Полска на Европското кадетско првенство

 

Подгорица, 10 август 2024 (МИА) – Македонската машка ракометна репрезентација до 18 години го претрпе и третиот пораз во групната фаза на Европското првенство, откако попладнево загуби во Подгорица од Полска со 30-26.

По воведните порази од Франција и од Германија, на македонските ракометари им беше неопходна победа на Полјаците за да го избегнат последното место во групата кое сега ги води во битка за опстанок во најсилната конкуренција.

Македонските ракометари на полувремето беа во негатива од три голови (11-14), а на почетокот на вториот дел дојдоа и до израмнување (14-14).

Сепак, во продолжението, полските ракометари ја вратија предноста и ја зачуваа до крајот на натпреварот.

Македонската репрезентација настапот на ЕП го продолжува во разигрувањето за пласман од 17 до 24 место со императив да ги избегне последните три позиции кои носат испаѓање во „Б“ дивизијата. ег ФОТО: РФМ

 

Остани поврзан