• среда, 27 ноември 2024

Македонските ракометари вечерва ги завршуваат успешните евроквалификации

Македонските ракометари вечерва ги завршуваат успешните евроквалификации
Скопје, 2 мај 2021 (МИА) – Македонската машка ракометна репрезентација вечерва од 18 часот против Швајцарија во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одигра завршниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2022. Македонскиот состав влегува во завршниот евроквалификациски дуел без резултатски императив по обезбедениот пласман на завршниот турнир што идната година ќе се одржи во Словачка и Унгарија. Во пресрет на последното коло во квалификациската група 7, македонските ракометари се второпласирани со идентични осум бодови како и лидерот Данска, додека Швајцарија со четири бодови е третопласирана, а Финска без бодови е на последното место. За вечерашната пресметка против Швајцарија капитенот и селектор Кирил Лазаров избра 15 ракометари, меѓу кои очекувано не е повредениот Дејан Манасков. Состав: Митревски, Велковски, Стоилов, Лазаров, Ѓорѓиев, Талески, Томовски, Миркуловски, Маркоски, Кузмановски, Костески, Георгиевски, Младеновиќ, Пешевски, Маџовски, Мишевски. ег/аа/

Остани поврзан