• сабота, 23 ноември 2024

Македонските одбојкари со максимални пет порази го завршија ЕП 2021

Македонските одбојкари со максимални пет порази го завршија ЕП 2021
Тампере, 8 септември 2021 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација со пет порази во исто толку натпревари ги завршија настапите на Европското првенство 2021. „Црвено-жолтите“ попладнево во Тампере загубија од Русија со 3-0, по сетови 25:15, 25:13 и 25:18. Русите доминираа во сите статистички категории, 15:3 во сервис-ас, 40:23 поени од напад и 9:0 во блокови. Капитенот Никола Ѓоргиев со 9 поени, вообичаено беше најефикасен во македонскиот состав. На целото Европско првенство, македонскиот национален тим освои само два сета, по еден против Финска и Шпанија и не ги повтори двете победи од претходниот евро-шампионат. зс/

Остани поврзан