• вторник, 24 декември 2024

Македонските натпреварувачи утре стартуваат на Европскиот олимписки младински фестивал

Македонските натпреварувачи утре стартуваат на Европскиот олимписки младински фестивал

Марибор, 24 јули 2023 (МИА) – Македонските спортисти утре ќе го имаат својот премиерен настап на Европскиот олимписки младински фестивал, кој во неделата официјално беше отворен во Марибор.

Македонската експедиција е составена од четворица натпреварувачи во џудо, атлетика, пливање и гимнастика, а знаменосец на свеченото отворање беше џудистот Никола Магдески.

Атлетичарот Брајан Авија утре претпладне го очекува настап во дисциплината скок во далечина, а во квалификациите во трката на 100 метри слободно ќе настапи пливачот Стефан Тодоров.

Магдески в среда ќе настапи во татами во категоријата до 66 килограми, а противник во првото коло ќе му биде Словакот Јурак Одкладај.

Според програмата, пливачот Тодоров в четвртокот повторно ќе се појави во базенот во квалификациите на 50 метри слободен стил. ег/цр

Фото: МОК

Остани поврзан