• петок, 21 февруари 2025

Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ

Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Македонската репрезентација составена од фудбалери до 17 години попладнево ја совлада соодветната селекција на Босна и Херцеговина со 1:0.

Победничкиот гол го постигна Дитмир Хоџа во петтата минута од судиското надополнување на второто полувреме.

Ова беше своевиден реванш за поразот (1:3) на избраниците на селекторот Димитар Капинковски од пред два дена.

Натпреварите се играа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Македонија У-17 во март ја очекуваат настапи во квалификациите за пласман на Европското првенство против селекциите на Шкотска, Лихтенштајн и Романија. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан