• вторник, 26 ноември 2024

Македонските медалисти од јуниорското СП во кикбокс на прием во Владата, честитки од Мицкоски и Ристовски

Македонските медалисти од јуниорското СП во кикбокс на прием во Владата, честитки од Мицкоски и Ристовски

 

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) – Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски денеска на свечен прием во Владата на членовите на македонската Кик Бокс Маи Таи Федерација им го честитаа постигнатиот успех на неодамнешното Светско првенство и освоените два златни и еден сребрен медал.

„Нивната посветеност, напор и борбен дух се инспирација за сите нас и покажуваат дека соништата можат да се остварат со многу труд и желба. Сите заедно сме горди на вас и ви посакуваме уште многу победи и успеси на светската сцена, истакна македонскиот премиер на средбата на која присуствуваше и раководството на Кик Бокс Маи Таи Федерацијата, предводено од претседателот Дејан Митровски.

На Светското јуниорско ВАКо првенство кое од 23 до 31 август се одржа во Будимпешта, со златен медал се закитија Марија Димовска во дисциплината Лоу Кик до 60 килограми, и Силвио Мировски во Лоу Кик до 70 килограми, во конкуренција на постари јуниори.

Сребрен медал освои Лука Змејкоски во Лоу Кик во категоријата до 81 килограм кај помладите јуниори.

Забележителен настап, иако остана без медал, имаше и Максим Митровски, во К1 во категорија до 71 килограм кај постарите јуниори. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан