Македонските кошаркарски јуниорки поразени од Норвешка на ЕП Б Дивизија
- Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација со пораз од Норвешка вечерва од 79-48 ја завршија групната фаза на Европското првенство б дивизија кое се одржува во романскиот град Плоешти.

Плоешти, 7 август 2024 (МИА) – Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација со пораз од Норвешка вечерва од 79-48 ја завршија групната фаза на Европското првенство б дивизија кое се одржува во романскиот град Плоешти.
Избраничките на селекторот Горан Крстевски беа рамноправен ривал во првата четвртина, но како одминуваа минутите, така растеше и предноста на Норвешка која со крајот на полувремето, стекнаа двоцифрен плус (42 – 27).
Пислевска запиша 11. поени, Милосављевиќ имаше 10. Поени, а Димковска го заврши натпреварот со осум поени.
По овој пораз, македонската женска јуниорска селекција ќе разигрува за пласман од 9. до 18. Место на ЕП во Плоешти. ег ФОТО: КФСМ