• вторник, 24 декември 2024

Македонските кошаркарски кадети поразени од Летонија

Македонските кошаркарски кадети поразени од Летонија
Скопје, 19 август 2022 (МИА) – Македонската машка кошаркарска репрезентација до 16 години загуби вечерва во драматичен натпревар од Летонија со 87-73 (65-65) по продолжение во разигрувањето за пласман од 9 со 12 место на Европското кадетско првенство А дивизија, чиј домаќин е Скопје. Македонските кошаркари испуштија победа во регуларниот дел кога на 11 секунди пред крајот при водство од 65 - 64 не искористија две слободни фрлања по што загубија во продолжението. И покрај вечерашниот пораз, македонските кошаркари од претходно го обезбедија опстанокот во европската елита и во завршниот натпревар на Европското првенство ќе играат против поразениот од дуелот меѓу Црна Гора и Полска за пласман на 11 место. ег/

Остани поврзан