• петок, 05 декември 2025

Македонските кошаркарски кадети ги почнаа подготовките за ЕП во Скопје

Македонските кошаркарски кадети ги почнаа подготовките за ЕП во Скопје

 

Скопје, 25 јуни 2025 (МИА) – Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација денеска ги почна подготовките за настап на Европското првенство од Б дивизијата кое од 7. до 16. август ќе се одржи во Скопје.

Селекторот на кадетите, Нермин Пепиќ и неговиот стручен тим, на првиот тренинг во СРЦ „Кале“ ги дочекаа најголем број од кандидатите од поширокиот список кои непосредно пред почетокот на подготовките беа поздравени и од претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томе Главчев.

„Се надевам дека сето она што вие го чувствувате ќе го реализирате на теренот, како за вас, за вашите семејства, така и за нашата држава. Гледам дека сите сте млади, убави деца. Ви посакувам на сите многу среќа, успешност, залагање, и на крајот на првенството да се радуваме“, порача претседателот Главчев.

Во рамки на подготовките за 12 и 13. јули предвидени се првите контролни натпревари, кога во Скопје ќе гостува кадетската репрезентација на Црна Гора. ег

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан