• понеделник, 23 декември 2024

Македонските кошаркарки убедливо поразени од Белгија

Македонските кошаркарки убедливо поразени од Белгија

Скопје, 12 февруари 2023 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација вечерва во Скопје загуби од Белгија со убедливи 102:43.

Ова беше натпревар од последното, 6.коло во квалификациите за Евробаскет 2023.

Селекторот Александар Ашаданов по натпреварот рече дека за исходот на натпреварот одлучи разликата во квалитет која е на страна на Белгија.

- Најпрво, сакам да ѝ посакам на Белгија среќа на ЕП, според мене, тие се една од топ-3 екипите фаворити кои можат да го освојат шампионатот. Девојките го дадоа максимумот, се вложија колку што можат по она исцрпување во БиХ да се дојде до таа посакувана победа, а потоа целиот тој пат со автобус. На тој дуел, пет играчи играа 39 минути. Исто така, тука в Скопје беше и квалитетот на противникот. Можеби резултатот е голем, но девојките не се откажаа и дадоа отпор колку што беше во нивна моќ. Дури и да бевме во комплетен состав, Белгија ќе беше пресилен противник за нас. Се надевам дека победата во овие квалификации и целиот циклус ќе бидат мотив за сите понатаму и за помладите кои треба допрва да ни се вклучат во процесот на надградба на сениорската репрезентација, потенцира Ашаданов.

Македонската репрезентација квалификациите ги заврши со една победа и пет порази. зс/

Остани поврзан