• понеделник, 10 февруари 2025

Македонските кошаркарки со пораз од Украина ги завршија квалификациите за Евробаскет 2025

Македонските кошаркарки со пораз од Украина ги завршија квалификациите за Евробаскет 2025

Рига, 9 февруари 2025 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Рига загуби од Украина со 74:72.

Украинките до победата дојдоа со поени од слободни фрлања во самиот финиш.

Ова беше последниот натпревар од Г-групата во квалификациите за Евробаскет 2025.

Кошаркарките предводени од Александар Ашаданов речиси целиот натпревар бркаа резултатска негатива, за со одлична игра во последниот период да изедначат но во последните секунди од натпреварот Украинките добија слободни фрлања и ги реализираа.

Во листата на стрелци на денешниот натпревар се запишаа капитенот Митрашиновиќ со 33 поени, Матеа Николиќ со 13, Хемпе со 11, Селцова со 8, Трајчевска со 5 и Милица Николиќ со два поена.

Србија со 11 бода го освои првото место и избори учество на ЕП 2025, Португалија со исто толку бода заврши на второто место, Украина е трета со 8, Македонија е последна со 6 бода. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан