• сабота, 27 јули 2024

Македонските кошаркарки се искачија 13 места на ФИБА светска листа

Македонските кошаркарки се искачија 13 места на ФИБА светска листа

Скопје, 3 март 2023 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација напредуваше 13 места на светска ранг-листа која денеска ја објави ФИФА и се наоѓа на 33. позиција во Европа, а на 67 место во светот.

Македонските кошаркари изминатиот месец ја совладаа БиХ на гостински терен во евроквалификациите и воедно ја забележаа првата победа од јули 2017 година.

Во последното, мартовско рангирање на Светската кошаркарска организација (ФИБА), Македонија има вкупно 94.4 бодови, што е втор највисок напредок во изминатиот период која го направила една национална селекција во женски рамки.

Најголем напредок бележи репрезентацијата на Австрија која се искачи за 24 позиции, и во овој момент е на 87 место во светскиот рејтинг.

Лидер во женската кошарка останува селекцијата на САД, пред Кина и Австралија. ег/сх/

Фото: КФСМ

Остани поврзан