• петок, 05 декември 2025

Македонските кошаркари отпатуваа за Даблин

Македонските кошаркари отпатуваа за Даблин

Скопје, 28.ноември 2025 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација нема време за одмор, а кус е периодот и за подготовки за следниот натпревар. Синоќа во СРЦ „Кале“ македонските кошаркари постигнаа убедлива победа над Азербејџан со 87:49. Избраниците на селекторот Марјан Илиевски денеска отпатуваа за Даблин, каде во недела го играат вториот натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2029.

Селекторот Илиевски веќе најави една промена и во составот ќе биде Џејкоб Вајли, на местото на Мур.

Нашата репрезентација во недела го игра вториот натпревар против Република Ирска, која на првиот дуел загуби од Луксембург со 89:77.

Фото: Фејсбук МКФ

Остани поврзан