Македонските кошаркари ги почнуваат мини-подготовките за ноемвриските натпревари
- Македонската кошаркарска репрезентација денес во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ги почне подготовките за натпреварите кои следуваат во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација денес во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ги почне подготовките за натпреварите кои следуваат во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
Селекторот Александар Јончевски стави 16 кошаркари на конечната листа на кандидати за двете средби против селекцијата на Литванија.
На списокот на Јончевски се: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Дамјан Робев, Стојан Ѓуроски, Виктор Ефремовски, Страхил Николов, Бобан Стајиќ, Кристијан Николов, Адем Мекиќ, Лејсон Зеќири, Итан Хап и Ненад Димитријевиќ.
Првиот натпревар ќе се игра на 21 ноември во Скопје, а вториот, три дена подоцна, во Клаипеда, Литванија. зс/
Фото: КФСМ