Македонските каратисти пристигнаа на СП во Дубаи
- Македонската карате репрезентација пристигна во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати на истокот од Арапскиот полуостров, каде од вторник до недела ќе се одржи 25. Светско првенство во карате
Дубаи, 14 ноември 2021 (МИА) - Македонската карате репрезентација пристигна во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати на истокот од Арапскиот Полуостров, каде од вторник до недела ќе се одржи 25. Светско првенство во карате на кое нашата селекција во борби и кати ќе има 12 претставници.
Најавено е учество на 1054 натпреварувачи од 117 земји, а официјалната бројка на учесници ќе биде позната по денешните задолжителни тестирања на коронавирус.
Натпреварувачкиот дел започнува во вторник, а македонскиот состав е предводен од носителите на светски и европски медали Жарко Арсовски, Емил Павлов и Берат Јакупи во машка, и олимпијката Пуликсенија Јованоска во женска конкуренција.
Македонски натпреварувачи пријавени за настап на СП во Дубаи:
Борби мажи
Фаик Весели (– 60 кг),
Емил Павлов (-67 кг),
Петар Заборски (-75 кг)
Берат Јакупи (-84 кг),
Жарко Арсовски (+84 кг),
Борби жени
Сара Радичевска (-50 кг),
Јована Георгиевска (-55 кг),
Вероника Костовска (-61 кг),
Ангела Мојсовска (-68 кг),
Симона Симовска (+68 кг)
Кати мажи
Александар Неделковски
Кати жени
Пуликсенија Јованоска. ег/ки/