• четврток, 26 март 2026

Македонскиот анимиран филм „Неми Филмови“ со две нови меѓународни награди

Македонскиот анимиран филм „Неми Филмови“ со две нови меѓународни награди

Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Краткометражниот анимиран филм „Неми Филмови“ на режисерот Крсте Господиновски ги освои наградата од публиката на фестивалот MONSTRA во Лисабон и признанието за најдобар филм на ReAnimacija во Никшиќ, Црна Гора.

Како што соопштува режисерот, паралелно со европските успеси, „Неми Филмови“ го оствари и своето јужно и северноамериканско премиерно прикажување овој месец, а веќе следниот месец се очекува и австралиската премиера на Melbourne International Animation Festival.  Во наредните недели, филмот ќе биде дел од програмите на три фестивали во САД.

Воедно, се очекува и чешката премиера на филмот во мај, на фестивалот Anifilm, кој важи за Оскар-квалификувачки фестивал.

Од својата меѓународна премиера, „Неми Филмови“ досега зеде учество на повеќе од 40 меѓународни фестивали, освојувајќи 10 награди.ар/са/

Фото: Крсте Господиновски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан