• недела, 24 ноември 2024

Македонскиот павилјон на 59. Венециско биенале во изминативе 154 дена посетен од над 30.000 посетители

Македонскиот павилјон на 59. Венециско биенале во изминативе 154 дена посетен од над 30.000 посетители
Скопје, 22 септември 2022 Следбениците на тековите на сцената на светската современа уметност, во оваа прилика поконкретно 59то Венециско биенале со наслов “The Milk of Dreams“, веќе се информирани за овогодинешниот проект со кој се претставува Република Северна Македонија.   Еден мал осврт од самиот почеток. Изборот на проект кој ќе го претставува македонскиот павилјон  беше направен од страна на стручна комисија од Министерството за култура на почетокот од 2022 година, кога впрочем се објавува целокупната програма за тековната календарска година. “Landscape experience“ на авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска ја доби довербата и можноста да биде дел од оваа престижна манифестација. Носител на проектот е НУ Национална галерија на Република Северна Македонија, Комесар: д-р Дита Старова Ќерими, директор на НУ Национална галерија; Куратори: м-р Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија и д-р Сања Којиќ Младенов, кустос советник во Музејот на современата уметност во Нови Сад, Р. Србија и кустос во одделението за визуелна уметност на IFA, Берлин  Околу проектот, целиот контекст на поставката е парафразирaн во првата реченица, т.е. во првиот пасус од кураторскиот текст: „Човекот е единственото суштество кое свесно се однесува кон своето постоење“ и тој е појдовна мисла околу која се гради повеќеслојноста на овој мултимедијален проект, проблематизирајќи ја на суптилен начин комплексноста на човекот како создавач и разурнувач, неговите еколошка и политичка свесност, како и смислата на нашата егзистенцијална одговорност.   Во рамките на меѓународната афирмација, на 25 март 2022 г. настанот беше најавен на платформата e-flux создадена во 1999 година од група уметници, која опфаќа бројни видови на критички дискурс во уметноста, архитектурата, филмот, теоријата и поврзува многу од најзначајните уметнички институции со публиката низ целиот свет.  (https://www.e-flux.com/announcements/455942/robert-jankuloski-and-monika-moteskalandscape-experience/)  Во текот на петте изминати месеци публиката и критиката го дадоа својот збор.   Виторија Бјази (Vitorria Biasi), историчар на современа уметност  уметнички критичар и професор по историја на современа уметност на Академијата за ликовни уметности во Фиренца во својот осврт за 1fmediaproject.net, онлајн динамична меѓународна арт мрежа на англиски јазик, основана од Рафаела Лосапио во 2006 година во Рим напиша: Потрагата по човештвото, стигна до идејата за божественото со единствениот пат на мислата, ги премина просторот и времето, давајќи концепти на вечност, љубов, живот. Одразот на уметниците тече меѓу различните постоења и, размислувајќи заслободната волја , на Сартровиот концепт за слобода во смисла на личен избор, ги доведува во прашање противречностите.на постоењето докажано од историјата на човештвото. Големите прашања на уметноста, на поезијата се отелотворени во сликите, во предметите кои се дух на животот, илузија  или болка за да се напишедругаприказна .   https://www.1fmediaproject.net/2022/03/24/il-pensiero-dellimmagine-landscape-experience-republic-of-north-macedonia-59-biennale-di-venezia/?fbclid=IwAR2-8n3i-BspqIcnNFXrI1lGwXer-m2y50ORXNMoZ7IJZY-78ckJENWa624     Потоа, за видливоста на проектот Landscape Experience „зборуваше“ и Анселмо Вилата (Anselmo Villata) културен менаџер, уметнички критичар, куратор и новинар и потпретседател на AICA International.  „Одлично дело од големо општествено значење, не само уметничко, на северномакедонскиот павилјон на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска“.  Особено сме горди на одвоениот медиумски простор на Venezia Today кои го промовираа отворањето на македонскиот павилјон  https://www.veneziatoday.it/attualita/padiglione-macedonia-biennale-arte-2022.html?fbclid=IwAR3eyYyjMpa9bWz3PcNehJvCauipbBl3jGA_-6RsXcTrBGukjObCfDhRk64   Стручната критика го даде својот збор, меѓутоа, за нас, од особено значење се емоциите на „обичната“ публика која ги пренесе во пораките во книгата за впечатоци. Пораките изобилуваат со зборови на пофалба за реализацијата на уметничкиот концепт, фасцинираност од одличниот спој на естетика, егзистенцијален дебрис, опомена за иднината на човештвото. Изразите на благодарност за сензацијата се многубројни. Дел од нив изворно ги споделуваме:  Меѓународната медиумска видливост даде сериозен импакт во афирмацијата на работата на авторите Мотеска/Јанкулоски, а резултатите се евидентни со посетеност на македонскиот павилјон кој надмина рекордна бројка досега, над 30.000 посетители.  Воедно изразуваме голема благодароност до локалните медиуми, во буквална смисла до сите кои дадоа безрезервна поддршка и афирмација на современата македонска уметност и нашето учество на овогодинешното 59то Венециско биенале  И за прв пат досега, за претставувањето на Венециското биенале, македонската продукција Мозаик" во период од 27 септември па до 3 октомври 2022 г. ќе снима документарен филм за македонскиот павилјон и за овогодинешните претставници, Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски.   „Очекувањата и целите се исполнети на сите полиња, се потврдува оправданоста за учеството на Република Северна Македонија на овој фестивал“ додава комесарот на проектот, д-р Дита Старова Ќерими.  Остануваме достапни на оваа тема до 27 ноември 2022 година, додека трае фестивалот во Венеција.    Национална галерија на Република Северна Македонија  _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан