• сабота, 23 ноември 2024

Македонскиот зелник меѓу 50-те најдобро оценети печива во светот

Македонскиот зелник меѓу 50-те најдобро оценети печива во светот

Скопје, 24 февруари 2023 (МИА) - Светската енциклопедија за традиционални јадења „Tejст атлас“ („Атласот на вкусот“) објави топ-листа најдобро оценети печива во светот. На списокот, поточно на 50-то место се најде и македонскиот зелник.

Од нашето соседство, во првите 20 се бугарската баница со сирење, босанскиот бурек и зељаница, хрватскиот бурек со сирење, грчката бугаца, турската баклава, „Газијантеп“ баклавата итн.

„Зелник е традиционална македонска пита која може да се наполни со разни состојки, како што се сирење, спанаќ, јајца, месо, праз или зелка. За да биде најдобар, зелникот треба да се премачка со путер и масло пред да се стави да се пече, па питата да добие златно-кафеава боја. Зелникот е најдобар кога се служи топол, а се препорачува со чаша јогурт“, се вели во описот.

Просечната оценка за можеби една од најпрепознатливите македонски закуски е 4,4 .

„Атласот на вкусот“ комбинира автентични рецепти, критики од познавачите на храна и истражувачки написи за популарни јадења и состојки, па на тој начин е создадена и листава на најдобри пекарски производи во светот.  си/паг/

Фото: Јованка Јанкоска; „Taste Atlas". 

Остани поврзан