• сабота, 23 ноември 2024

Македонска филхармонија ја продолжува соработката со новиот шеф-диригент маестро Јерухам Шаровски

Македонска филхармонија ја продолжува соработката со новиот шеф-диригент маестро Јерухам Шаровски

Скопје, 25 март 2024 (МИА) - Македонската филхармонија ја продолжува соработката со новиот шеф-диригент, маестро Јерухам Шаровски од Израел.

Како што информиираат од филхармонија маестро Шаровски оваа недела е во Скопје, со цел да оствари средби со музичарите и Уметничкиот одбор, како би се докомплетирала годишната програма, поточно концертните настани за оваа и за наредната сезона.

- На првата работна средба во оваа седмица, се донесоа значајни решенија за растежот на Македонската филхармонија особено во годината кога одбележува осум децении постоење. Но, секако и одлуки за квалитативен и уметнички прогрес, за нови и продуктивни начини на работа со кои не само што ќе се потврди огромната улога на Македонската филхармонија во земјава, туку и ќе се реализираат настани кои ќе претстават висока репутација, се наведува во сооптшението.

Маестро Јерухам Шаровски, долгогодишен соработник, диригент, но и уметнички консултант. Тој ќе настапи како диригент на 23 мај, на свеченото официјално затворање на годинешната концертна сезона, и потоа на 10 октомври, на свеченото отворање на новата концертна сезона, кога практично ќе се даде силен акцент на 80-годишниот јубилеј. свс/нд/

Фото: Македонска филхармонија

Остани поврзан