• вторник, 24 декември 2024

Македонска Каменица го одбележува Денот на рударите, Денот на Општината и верскиот празник Успение на Пресвета Богородица

Македонска Каменица го одбележува Денот на рударите, Денот на Општината и верскиот празник Успение на Пресвета Богородица

Македонска Каменица, 28 август 2023 (МИА) - Во Македонска Каменица денеска се слави тројниот празник на градот, Денот на општината, Денот на рударите и верскиот празник Успение на Пресвета Богородица. Голем број на верници од утрово ја посетија црквата „Успение на Пресвета Богородица“ каде по одржувањето на црковната литургија се помолија за лично здравје и здравје на своите најблиски. Отце Мартин од име на свештенството на сите верници им го честиташе празникот порачувајки мајката Божја да ги заштити сите православни христијани.


Меѓу присутните на црковната свеченост беа и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и градоначалникот Димчо Атанасовски кој потенцирајки го посебното значење на рударите, им се заблагодари за нивниот труд преку кој Македонска Каменица е изградена во една убава рударска општина.

-Би сакал од срце да се забчлагодарма на посетата на нашиот претседател нека ни е честит тројниот празник празникот на општината, денот на пресвета богордица иДенот на рударите и би сакал пред се да им се заблагодарам пред се на рударите бидејки тие се виновни за сето тоа што се случува што се гледаме што а каменица изградена да се надеваме дека ќе постојат уште многу години, рече Атанасовски.

За тројниот празник на Макеоднска Каменица традиционално се подготвува ручек за верниците но и гостите намерници кои ги има од повеќе населени места.

 -Подготвуваме ручек за околу 200 граѓани. Да бидеме живи и здрави и догодина да се сретнеме, истакна еден од готвачите кои го подготвуваат празничниот ручек. 

Тројниот празник на градот вечер ќе се одбележи со настап на познати музички звезди меќу кои и српскиот изведувач Аца Лукас кој вечерва ќе настапи во градскиот парк во М.Каменица. вс/лв/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан