• сабота, 23 ноември 2024

Македонска берза го изготви првиот Извештај за следење на усогласеноста на котираните друштва со Кодексот за корпоративно управување во 2022 година

Македонска берза го изготви првиот Извештај за следење на усогласеноста на котираните друштва со Кодексот за корпоративно управување во 2022 година

Скопје, 2 октомври 2023 

Македонска берза со поддршка на Европската банка за обнова и развој, изготви „Извештај за следење на усогласеноста на котираните друштва со Кодексот за корпоративно управување“.

Кодексот за корпоративно управување е усвоен и објавен во 2021 година, а обврската за известување за примена на истиот од страна на котираните друштва започна да важи од оваа година.

Друштвата коишто согласно Правилата за котација на Берзата се должни да известуваат за примената на Кодексот го направија тоа преку пополнување на соодветните прашалници во коишто ги опишуваат нивните корпоративни практики во текот на изминатата 2022 година. Анализата на Берзата на нивните одговори покажа дека иако нивото на усогласеност со одредбите и деловите од Кодексот варира, просечната стапка на усогласеност на корпоративното управување на сите друштва со Кодексот е 76% и истата е на доста задоволително ниво.

Информациите за нивото на усогласеност на друштвата со Кодексот во овој Извештај се однесуваат збирно за сите котирани друштва и се базирани на проценката што самите друштва ја навеле за нивната усогласеност со конкретните делови и одредби од Кодексот.

Со оглед дека станува збор за прва верзија на Извештајот, документот содржи фактички информации за усогласеноста на друштвата со Кодексот и не навлегува во оценка на квалитетот на нивните практики на управување и известување. Секој што е заинтересиран може да направи подетална анализа на нивото на усогласеност на конкретно котирано друштво, преку разгледување на прашалниците што тоа друштво ги има одговорено и објавено преку СЕИНЕТ на интернет страницата на Берзата.

Берзата планира ваков Извештај за следење на усогласеноста на котираните друштва со Кодексот за корпоративно управување да публикува секоја година и на тој начин да се следи напредокот на друштвата во исполнувањето на целите на Кодексот.

Извештајот е достапен на следниот линк: https://www.mse.mk/mk/content/2/10/2023/corporate-governance-code

 

Македонска берза

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан