Македонската џиу- џицу федерација заинтересирана за организација на Европско или Балканско првенство
- Македонската федерација во џуи џицу е подготвена за организација на големо натпреварување, како што е Европско или Балканско првенство.

Марибор, 5 март 2025 (МИА) – Македонската федерација во џуи џицу е подготвена за организација на големо натпреварување, како што е Европско или Балканско првенство.
Оваа иницијатива, како што е соопштено, му ја пренеле спортскиот директор на Македонската џиу – џица федерација, Александар Ацевски на работен состанок со претседателот на Европската федерација во џиу – џицу Роберт Перц, на маргините на Меморијалниот турнир „Словенија Опен“ што изминатиот викенд се одржа во Марибор.
Ацевски го информирал Перц околу новоформираното македонско Министерство за спорт и воедно го поканил на работна средна со министерот Борко Ристовски.
„Го информирав (претседателот на Европската федерација) дека сега ја имаме полната поддршка од Министерството за спорт и дека сме подготвени да земеме организација за некое големо натпреварување како што е Европско или Балканско првенство. Добив уверување дека лично ќе разговара со членовите на бордот на Европската федерација и дека е возможно тоа да се случи во 2026/2027 година“, објави Ацевски. ег
ФОТО: Фејсбук