• понеделник, 23 декември 2024

Македонската фудбалска репрезентација едно место подолу на ФИФА ранкингот

Македонската фудбалска репрезентација едно место подолу на ФИФА ранкингот

 

Цирих, 4 април 2024 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација падна за една позиција и се наоѓа на 69. место на најновата ранг-листа на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објавена денеска.

Македонската репрезентација минатиот месец одигра два контролни натпревари, против Молдавија (1-1) и Црна Гора (0-1), кои придонесоа „црвено – жолтите‘ да се спуштат едно место на ФИФА рангирањето со 1.1354,19 бодови.

Најдобрите светски фудбалски репрезентации и понатаму ги предводи актуелниот првак Аргентина. Франција е втора, додека Белгија ја потисна Англија од третата позиција.

Следното рангирање на ФИФА ќе биде објавено на 20 јуни.

Рангирање на ФИФА:

1. Аргентина 1.858 бодови

2. Франција 1.840,59

3. Белгија 1.795,23

4. Англија 1.794,9

5. Бразил 1.788,65

6. Португалија 1.748,11

7. Холандија 1.742,29

8. Шпанија 1.727,5

9. Италија 1.724,6

10. Хрватска 1.721,07

- ----------------------

69. Македонија 1.1354,19. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан