Македонската репрезентација 19-та на најновата ЕХФ ранг-листа
- Македонската ракометна репрезентација се најде на 19. место на најновата ранг-листа на Европската ракометна федерација објавена денес.

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) - Македонската ракометна репрезентација се најде на 19. место на најновата ранг-листа на Европската ракометна федерација објавена денес.
„Црвено-жолтите“ сега имаат 98 бода.
Водечка на листата е Данска со 432 бода, пред Франција со 424 и Шведска со 408.
Во Топ 10 најдобри европски ракометни репрезентации се уште и: Германија, Шпанија, Норвешка, Унгарија, Исланд, Хрватска и Словенија.
Овие селекции, заедно со Португалија и Холандија ќе бидат во првиот шешир во извлекувањето ан групите за Европското првенство 2026.
Македонската селекција ждрепката за евро-шампионатот ќе ја дочека од вториот шешир. зс/
Фото: МИА