• петок, 05 декември 2025

Македонската репрезентација ќе има максимална поддршка од трибините на дуелот со Казахстан

Македонската репрезентација ќе има максимална поддршка од трибините на дуелот со Казахстан

Скопје, 13.октомври 2025 (МИА) – Како се ближи почетокот на натпреварот Македонија – Казахстан така армијата македонски навивачи ја исполнува Арената „Тодор Проески“. Според последните најави влезниците се веќе распродадени и македонските фудбалери ќе имаат максимална поддршка од трибините во последниот натпревар од квалификациите за СП 2026 на домашен терен.

Се очекува околу 30.000 навивачи да бидат „ветер во грб“ на македонскиот фудбалски тим за победа во дуелот со Казахстан.

Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот, а Хуан Мартинез Мунуера од Шпанија. мн/

Фото: МИА

Остани поврзан