• вторник, 24 декември 2024

Македонската репрезентација во 3Х3 загуби од Чешка во четвртфиналето од квалификациите за ЕП

Македонската репрезентација во 3Х3 загуби од Чешка во четвртфиналето од квалификациите за ЕП

Братислава, 11 јуни 2023 (МИА) – Македонските баскетџии попладнево во Братислава загубија од Чешка со 21:18 и не успеаја да се пласираат во полуфиналето на квалификациите за Европското првенство.

 

Ервин Цого постигна 11 поени и беше најефикасен играч на натпреварот но тоа не беше доволно нашата репрезентација да го избегне поразот.

 

Во првото четвртфинале Франција со убедливи 22:10 славеше победа над домаќинот Словачка.

 

Останатите четвртфинални двојки во машка конкуренција, се:

Австрија – Грција (почеток 15:40 часот и

Полска – Босна и Херцеговина (16:05 часот). зс/

Остани поврзан