• четврток, 07 ноември 2024

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува Светскиот шампионат и куп во Перу

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува Светскиот шампионат и куп во Перу

Лима, 6 ноември 2024 (МИА) - Македонската репрезентација во традиционално карате од денес до 9 ноември ќе земе учество на официјалниот 22. ИТКФ Светски шампионат во традиционално карате во Лима, Перу. 

Во сениорска конкуренција во Светскиот шампионат дисциплина кати ќе настапи Дејан Недев, а пак на светскиот куп за деца ќе настапат: Камелија Недев, Софија Јарчевска и Филип Недев кои ќе настапат во дисциплините кати и џиу ипон кумите. 

ИТКФ светскиот шампионат по втор пат во историјата на ИТКФ се одржува во Лима, Перу. Првиот ИТКФ СШ се одржа пред точно 34 години, во далечната 1990 година. 

На светскиот шампионат во Лима, Перу ќе учествуваат над 800 каратисти од 46 земји во светот. зс/

Фото: МТКФ

Остани поврзан