• понеделник, 23 декември 2024

Македонската претставничка трета на Светското првенство за бармени

Македонската претставничка трета на Светското првенство за бармени

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Од 31 октомври до 3 ноември во Мадеира, Португалија, се одржа Светското првенство за бармени. Натпреварувањето е организирано од Интернационалната асоцијација на бармени каде што Здружението на бармени на Македонија е член 17 години.

Здружението на бармени на Македонија оваа година го претставуваше Теодора Николиќ, која победи и на Државното првенство. Во конкуренција од 70 бармени од целиот свет, Теодора успешно ги мина квалификациите и заедно со уште 14 други бармени продолжи во полуфинале, па во финале, со двајца други финалисти. 

Според судиите, последниот коктел на македонската претставничка го освои третото место. „Но, за сите во публиката, таа беше најдобра“, истакнаа од македонското Здружение.

Како што се наведува во известувањето, „ова е огромен успех за македонскиот бартендинг и угостителство и добар мотив“ за младите бармени да продолжат да ја работат оваа професија. си/са/

Фото: Здружение на бармени на Македонија

Остани поврзан