• недела, 18 август 2024

Македонската кадетска репрезентација го освои десеттото место на ЕП Б-дивизија

Македонската кадетска репрезентација го освои десеттото место на ЕП Б-дивизија

Скопје, 17 август 2024 (МИА) - Македонските кадети го освоија 10. место на Европското кошаркарско првенство Б-дивизија во Скопје.

Во последниот натпревар на шампионатот, Македонија загуби од Унгарија со 71:80.

Најефикасен во македоснкиот состав беше Цветковски со 24 поени, имаше и по два скока и две асистенции, Ѓорѓевиќ застана на бројката од 20 реализации и по 4 скока и асистенции. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан