• сабота, 21 декември 2024

Македонија не е распарчена, од Софија се потврди дека за јазикот и идентитетот не се преговара, му порача Заев на Мицкоски

Македонија не е распарчена, од Софија се потврди дека за јазикот и идентитетот не се преговара, му порача Заев на Мицкоски
Скопје, 10 декември 2020 (МИА) - Премиерот Зоран Заев вечерва во интервјуто на ТВ Телма, повторно ги отфрли наводите на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека минатата недела „се распарчувала Македонија“ и оцени оти тоа е неодговорна политика. -Лидерот на опозицијата велеше дека за време на викендот се распарчува Македонија во Софија. Сите тие обвинувања кои што беа дадени се како да си играте играчки, а не може така да си играте со својот народ и својата нација. Продуцирате, не само омраза, туку можни тензии, проблеми и тоа проблеми меѓу соседите, рече Заев. Потсети дека денеска сите виделе и се увериле дека нема разговори, не само за македонскиот народ и македонскиот јазик, туку, како што посочи, нема разговори за истории, за наметнување на такви работи. - Значи не била распарчена Македонија, немало такви работи како што обвинуваа дека Заев ја продава Македонија, тајно се преговара или слично. Денеска видоа дека стоиме комплетно зад заштита на чувствата на целиот македонски народ и мене ми е драго што зад нас стојат и другите етнички заедници, заради тоа што знаат какво свето чувство е тоа да се чувствуваш онака како што мислиш дека треба, изјави премиерот Заев, критикувајќи ја опозицијата дека за време на целиот процес со Бугарија измислува лажни вести, се однесува деструктивно и постојано очекува лоши вести за државата. нд/бак/

Остани поврзан