Македонија домаќин на Европското кадетско кошаркарско првенство
- Македонската кошаркарска федерација ќе го организира Европското првенство 2025 во кадетска конкуренција.
Истанбул, 29 ноември 2024 (МИА) – Македонската кошаркарска федерација ќе го организира Европското првенство 2025 во кадетска конкуренција.
Одлуката, како што е соопштено, ја донесе извршниот одбор на ФИФА Европа на состанокот во Истанбул.
Европското првенство Б дивизија за кадети ќе се одржи во Скопје од 7 до 16 август.
Меѓу другите одлуки кои ФИБА Европа ги донесе на вчерашниот состанок воедно е потврден и датумот на жрепката за Евробаскетот 2025. Извлекувањето на групите е закажано за 27 март идната година во Рига. ег
ФОТО: ФИБА