• понеделник, 16 декември 2024

Маж од Шуто Оризари противправно ја држел сопругата дома, пријавил нивниот син

Маж од Шуто Оризари противправно ја држел сопругата дома, пријавил нивниот син
Скопје, 3 февруари 2021 (МИА)- Полициски службеници од ПО Шуто Оризари и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во текот на денот го привеле лицето О.М (44), поради противправно држење на својата сопруга М.М во нивниот дом, информираат од МВР. Во соопштението од Министерството се наведува дека случајот бил пријавен од страна на нивниот син, а при приведувањето полцијата пронашла, два пиштола со околу 32 куршуми и марихуана.свс/дма/

Остани поврзан