• среда, 27 ноември 2024

Маерск планира прв карбонски неутрален танкер да биде произведен во 2023 година

Маерск планира прв карбонски неутрален танкер да биде произведен во 2023 година
Копенхаген, 17 февруари 2021 (МИА) - Данската бродска група Маерск денеска соопшти дека ќе ги забрза плановите за декарбонизација на бродскиот контејнерски транспорт и првиот брод со неутрална емисија на јаглерод ќе почне да плови во 2023 година, седум години порано од претходно планираното. Маерск, која учествува со околу 80 проценти во глобалната трговија и има удел од околу 3,0 отсто во глобалната емисија на јагледрод, минатата година вети дека до 2030 година ќе има бродови и бродско гориво со нулта емисии на јаглерод. - Следејќи го брзиот напредок на технологијата и зголемената побарувачка на клиентите за одржлив синџир за снабдување, Маерск ќе ги забрза напорите за декарбонизација на својот морски бизнис и првиот брод со неутрална емисија на јаглерод ќе почне да плови во 2023 година, се наведува во соопштението на данската бродска компанија. Бродот како гориво ќе користи метанол. - нашата амбиција е да имаме карбонски неутрална флота до 2050 година. Кога тоа го најавивме во 2018 година звучеше како лет на Месечина, но денес тоа го сметаме за предизвик и достижна цел што треба да се оствари, се посочува во соопштението на Маерск.  ми/

Остани поврзан