• понеделник, 23 декември 2024

Мадуро: Мојата победа е триумф на мирот и стабилноста

Мадуро: Мојата победа е триумф на мирот и стабилноста

Каракас, 29 јули 2024 (МИА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој според изборната комисија победи на вчерашните претседателски избори во земјата, денеска објави дека неговиот реизбор е триумф на мирот и стабилноста.

Изборната комисија ги објави првите резултати само шест часа по затворањето на гласачките места, а Мадуро рече дека пребројувањето на гласовите и објавувањето на резултатите доцни поради скибер напад, пренесе Ел Паис. 

„Знаеме од каде дојде хакерскиот напад, тие оставија траги“, рече Мадуро.

Тој, исто така, го повтори своето тврдење во кампањата дека изборниот систем на Венецуела е транспарентен.

Мадуро објасни дека неговата победа претставува „почит кон суверениот живот на Венецуела и волјата на народот“. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан