• понеделник, 23 декември 2024

Мадуро го повика Лула да Силва да одлучи за ветото на Бразил за пристапувањето на Венецуела во БРИКС

Мадуро го повика Лула да Силва да одлучи за ветото на Бразил за пристапувањето на Венецуела во БРИКС

Каракас, 29 октомври 2024 (МИА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро вчера го повика бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва да донесе одлука за ветото на Бразил за пристапување на Венецуела во БРИКС.

Претпочитам да чекам Лула да види, да биде добро информиран за настаните и во својство на шеф на државата да каже што има да каже, рече Мадуро на венецуелската државна телевизија.

Венецуела, која се бори со тешка економска криза влошена од американските санкции против Каракас, изрази желба да се приклучи на БРИКС на состанокот на асоцијацијата во рускиот град Казан минатата недела. Иако Русија ја поддржа Венецуела, Бразил стави вето на кандидатурата на Венецуела.

Мадуро не го обвини директно Лула за ветото, туку претпочита да го нападне бразилското Министерство за надворешни работи.

Бразилското Министерство за надворешни работи „со години беше држава во држава (. . .) која секогаш заговараше против Венецуела“, посочи венецуелскиот претседател.

Лула, долгогодишен сојузник на Мадуро и на неговиот претходник Хуго Чавез, се огради од венецуелскиот претседател по неговиот реизбор на 28 јули, кој го оспори опозицијата.

Каракас бурно реагираше на ветото на Бразил, нарекувајќи го „агресија“ и „непријателски чин“ кој е „необјаснив и неморален“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан