• среда, 25 декември 2024

Мадрид протера двајца вработени во американската амбасада за поткуп на разузнавачи

Мадрид протера двајца вработени во американската амбасада за поткуп на разузнавачи

Мадрид, 7 декември 2023 (МИА) - Шпанија дискретно протерала најмалку двајца вработени во американската амбасада обвинети дека подмитувале шпански разузнавачи во замена за државни тајни, објави денеска весникот Ел Паис, цитирајќи владини извори.

Ниту една земја веднаш не го потврди протерувањето, но шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес, на прашањето за случајот, го омаловажи неговото значење за односите меѓу двете земји. Таа потврди дека во тек е судска истрага за „нерегуларно однесување“ во шпанската разузнавачка служба ЦНИ.

-Шпанија и САД се пријатели, сојузници и партнери. Кога има потешкотии кои би можеле да влијаат на нас, се разговара и се работи на нив, но тоа на никаков начин не влијае на односите што ги имаме, изјави таа.

Американски официјален претставник во Шпанија рече дека американската амбасадорка Џулиса Рејносо нема да го коментира инцидентот.

Резултатите од истрагата покажале дека двајца шпански разузнавачи дале информации за „голема сума“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан