• сабота, 23 ноември 2024

Мадона: Оздравев, и одам да вдишам малку „корона-воздух“

Мадона: Оздравев, и одам да вдишам малку „корона-воздух“
Лос Анџелес, 4 мај 2020 (МИА) -Мадона деновиве објавува необични видеоснимки и фотографии во својот „карантински дневник" со коишто неколкупати ги изненади своите следачи, со донекаде бизарни настапи. Имено, во едно видео, таа тврди дека го пребродила Ковид-19 и оти станала имуна на овој вирус. - Се тестирав пред неколку дена. Открив дека имам антитела. Утре одам на долго возење, ќе ги спуштам прозорците и ќе вдишам малку „коронавирус-воздух“, вели таа на својот Инстаграм. Сепак, Светската здравствена организација предупреди да не се прават такви авантури, бидејќи нема доказ дека луѓето кои закрепнале од Ковид-19 развиваат антитела, или дека се заштитени од нова зараза. Мадона е во карантин во својот дом во Калифорнија и од самиот почеток води дневник за тоа. Објавените снимки од неа и нејзините деца се испреплетени со филозофски размисли.  си/

Остани поврзан