• среда, 25 декември 2024

Магуфули призна дека Ковид-19 не може да биде победен со молитва

Магуфули призна дека Ковид-19 не може да биде победен со молитва
Додома, 22 февруари 2021 (МИА) - Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули конечно призна дека во неговата земја постои проблем со Ковид-19, иако се месеци тврдеше дека вирусот може да се победи со молитва. Тој упати апел до граѓаните на Танзанија да преземат заштитни мерки, дури и да носат маски, но произведени само во Танзанија. Магуфули претходно јавно изразуваше сомнеж во странските производите, вклучително и вакцините против Ковид-19.
Генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Габреисус претходно го повика танзанискиот државен врв во интерес на своите граѓани да го признае постоењето на болеста. ми/

Остани поврзан