• среда, 25 декември 2024

Магла го одложи дебито на Мик Шумахер во Ф1

Магла го одложи дебито на Мик Шумахер во Ф1
Нирнберг, 9 октомври 2020 (МИА) - Лошите временски услови го одложија дебито на Мик Шумахер на првиот тренинг пред трката за Големата награда на Ајфел во Формула 1, бидејќи медицинскиот хеликоптер не успеа да полета поради магла и сесијата беше откажана. Организаторите го поставија часовникот за 90-минутниот тренинг на студената и магловите „Нирбургринг“, но го го оставија боксот затворен. По две получасовни ажурирања, тие објавија дека нема да има тренинг сесија. Дебито го привлече вниманието на светот откако синот на легендата Михаел Шумахер требаше да се пушти на патеката каде што неговиот татко е петкратен победник. Британскиот пилот, Калум Хелот, втор во Формула 2 и производ на Академијата на Ферари, исто така мораше да учествува со тимот на Хаас, кој користи мотори од „црните коњчиња“. Шумахер и Хелот имаат искуство со Ф1 болиди на слободни тренинзи. Нирбургринг се врати на календарот за прв пат од 2013 година, откако најпрестижната трка со автомобили мораше да го смени оригиналниот распоред и да воведе нови трки поради пандемијата на коронавирус. Патеката, сместена во ридскиот и пошумен регион Ајфел, никогаш не била домаќин на Гран при на Светскиот шампионат толку доцна во годината.

Тагови

Остани поврзан