• петок, 05 декември 2025

МААК Македонска Каменица ја претстави својата советничка листа за Локалните избори 2025

МААК Македонска Каменица ја претстави својата советничка листа за Локалните избори 2025

Македонска Каменица, 1 октомври 2025 (МИА) – Партијата МААК денеска ја претстави својата советничка листа за претстојните локални избори во Македонска Каменица, нагласувајќи дека главната цел е заштита на достоинството на работникот и враќање на довербата во локалната политика.

-Во срцето на Македонска Каменица секогаш биле рудниците, работата и чесните луѓе. Ние сме таа сила – рудари и работници, луѓе кои со своите раце го создаваат животот во нашата општина, посочуваат од МААК Македонска Каменица.

Партијата истакнува дека нивната програма е насочена кон праведни услови за сите граѓани, поддршка за рударите и нивните семејства и зголемување на развојот на општината. 

-Нашата сила не доаѓа од фотелји, туку од рудникот, фабриката, улицата и домот на секој обичен човек“, додаваат од МААК.

Од Советничката листа на чело со нсоителот Ванчо Вангеловски посочуваат дека Листата на рудари и работници ја гледаат како можност за воспоставување чесна локална власт, која ќе ја вреднува трудот и ќе гради подобра иднина за Македонска Каменица. вс/вј/

Фото: МААК М.Каменица

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан