• сабота, 23 ноември 2024

МААЕ: Трагите од радиоактивни честички во северна Европа веројатно се од некој реактор

МААЕ: Трагите од радиоактивни честички во северна Европа веројатно се од некој реактор
Виена, 3 јули 2020 (МИА) - Радиоактивните честички регистрирани во северна Европа минатата недела веројатно се испуштени од нуклеарен реактор, но нивното потекло сè уште не е откриено, соопшти денеска во Виена Меѓународната агенција за атомска енергија (МАЕА). Земјите во регионот кои имаат реактори, вклучително и Русија, досега негираа поврзаност со радиоактивноста. Малку зголемените нивоа на цезиум и рутениум „беа многу ниски и не претставуваа ризик за здравјето на луѓето и животната средина“, соопшти МААЕ. Агенцијата наведува дека ваквите емисии може да се појават како резултат на работа на реактор или негово одржување. Естонија, Финска и Шведска минатата недела регистрираа зголемено ниво на радиоактивни честички. Меѓународната организација за забрана на нуклеарни проби (CTBTO) во Виена исто така го следи движењето на честичките низ северна Европа и изработи мапа која опфаќа неколку држави од кои радиоактивни честички би можеле да се шират. јт/  

Остани поврзан