• среда, 27 ноември 2024

МААЕ соопшти дека руските војници го напуштиле Чернобил

МААЕ соопшти дека руските војници го напуштиле Чернобил
Виена, 1 април 2022 (МИА) – Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека украинските власти јавуваат за повлекување на руските трупи од нуклеарната централа Чернобил. МААЕ соопшти дека руските сили и написмено контролата врз централата ја предале на украинскиот персонал. Вработените во нуклеарката соопштиле дека во Чернобил повеќе нема „луѓе однадвор“, што не е потврдено од МААЕ. Руските трупи ја презедоа контролата врз Чернобил на самиот почеток на воените операции во Украина. Украинскиот персонал што ги опслужува капацитетите беше оставен на работно место. Во комплексот на нуклеарната централа Чернобил, каде во 1986 година се случи најголемата нуклеарна несреќа во светот, нема оперативен реактор за производство на електрична енергија, но капацитетот има потреба од управување, а во куполата изградена над уништениот реактор и денес се складира нуклеарен отпад. аб/

Тагови

Остани поврзан