• вторник, 26 ноември 2024

МААЕ подготвена да ги посети украинските нуклеарки по руските напади

МААЕ подготвена да ги посети украинските нуклеарки по руските напади
Виена, 25 ноември 2022 (МИА) - Украинските нуклеарни централи треба да бидат прегледани од меѓународните набљудувачи, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), додека се зголемуваат грижите за несреќи поради постојаните руски воздушни напади, што целат кон енергетската инфраструктура на државата. Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси информираше дека тим на неговата агенција ќе ги посети украинските објекти во Хмелницки и Ривне, како и во напуштениот објект во Чернобил. Се довршуваат подготовките и наскоро ќе пристигнат инспекторите, пренесе германската новинска агенција ДПА. Најверојатно, инспекторите ќе се фокусираат на техничките системи и плановите за итни случаи во објектите. Веќе има инспектори во нуклеарната централа Запорожје, област под руска контрола. бд/сд/

Остани поврзан