• сабота, 23 ноември 2024

МААЕ изгуби контакт со контролните системи во Чернобил

МААЕ изгуби контакт со контролните системи во Чернобил

Њујорк, 9 март 2022 (МИА) - Системите за следење на нуклеарниот материјал во капацитетите за складирање радиоактивен отпад во нуклеарната централа во Чернобил, која беше заземена од руските сили минатиот месец, престанаа да испраќаат податоци до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопштија ОН.

„Главниот директор …. рече дека е изгубен далечинскиот пренос на податоци од безбедносниот систем во Чернобил“, соопшти МААЕ.

МААЕ, меѓу другото, ја следи безбедноста на нуклеарниот материјал.

Нападот на Русија врз Украина, што почна на 24 февруари, го предизвика гневот на меѓународната заедница, а Европската унија, Велика Британија, Канада, Јапонија и САД воведоа економски санкции кон Москва.

Според Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), околу два милиона луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји. паг/

Остани поврзан