• сабота, 21 декември 2024

ЛШ: Атлетико го победи шампионот, Холанд со нови два гола во победата на Дортмунд

ЛШ: Атлетико го победи шампионот, Холанд со нови два гола во победата на Дортмунд
Мадрид, 18 декември 2020 (МИА) - Атлетико Мадрид победи со 1-0 против Ливерпул во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите, одигран на стадионот „Ванда Метрополитано“. Единствениот гол во судирот беше дело на Саул Нигес во 4-тата минута. Со нивниот настап против тимот од Мерсисајд, „јорганџиите“ потсетија на своите најдобри години помеѓу 2014 и 2016 година, кога одиграа две финалиња на турнирот, изгубени од Реал Мадрид. За сите 90 минути, европскиот шампион не успеа да упати ниту еден прецизен удар кон Јан Облак, додека Шпанците имаа добра шанса за втор погодок, но не ја искористија. Реваншот на „Енфилд“ ќе се одржи на 11 март. Борусија Дортмунд пак оствари победа со 2-1 над Париз Сен Жермен во првиот судир од осминафиналето на Лигата на шампионите. Домаќините на „Сигнал Идуна Парк“ запишаа вреден успех, а јунак на вечерта повторно беше детето-чудо Ерлинг Холанд, кој ги постигна двата гола за германскиот тим во 69-та и 77-та минута. Сепак, Нејмар постигна вреден гол на гостинскитерен за парижаните, што го остава францускиот шампион во игра за реванш-дуелот на „Парк де Пренс“.

Остани поврзан