ЛШ: Победи на Баерн и Челзи
- Актуелниот европски првак Баерн Минхен е пред сигурен пласман во четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва убедливо го совлада Лацио со 4:1, а гостински триумф пред осминафина
Рим, 23 февруари 2021 (МИА) – Актуелниот европски првак Баерн Минхен е пред сигурен пласман во четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва убедливо го совлада Лацио со 4:1, а „гостински“ триумф пред осминафиналниот реванш обезбеди и Челзи со 1:0 против Атлетико Мадрид на неутрален терен.
Баерн веќе во првото полувреме го реши победникот на мечот во Рим, заминувајќи на полувреме со предност од 3:0, со головите на Роберт Левандовски (9.минута), Џамал Мусала (24) и Лерој Сане (42).
Баварците зголемија на 4:0 преку автоголот на Франческо Ачерби (47), а две минути подоцна Жоакин Кореа го постигна почесниот гол за Лацио.
Челзи му гостуваше на Атлетико Мадрид во Букурешт и стигна до предност пред реваншот на 17 март со голот на Оливие Жиру во 71 минута.
Првите осминафинални пресметки во Лигата на шампиони продолжуваат утре со дуелите меѓу Аталанта и Реал Мадрид во Бергамо и Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити во Будимпешта. ег/зс/