• петок, 15 ноември 2024

Луѓето од осум села во Шпанија евакуирани поради шумски пожари

Луѓето од осум села во Шпанија евакуирани поради шумски пожари
Мадрид, 17 јуни 2022 година (МИА) - Повеќе од 650 луѓе беа евакуирани од осум села во северозападна Шпанија откако шумски пожар зафати околу 9.000 хектари. Најголемиот пожар поради високите температури избувна во делот на планинскиот венец Сиера де Кулебра во провинцијата Замора. Помали пожари зафатија делови од провинциите Толедо, Сарагоса и Леида. Градоначалникот на Лајадур, Даниел Ровира, го опиша пожарот од 2.000 хектари во Леида како брутален и рече дека може да се прошири на 50.000 хектари доколку итно не се стави под контрола. Во повеќето делови на Шпанија денеска е прогласен „висок ризик“ од шумски пожари, бидејќи температурата во земјата шести ден по ред е многу висока  за овој период од годината. Во многу градови се евидентирани над 40 степени Целзиусови. Надлежните очекуваат дека силните горештини ќе почнат да стивнуваат во недела. ссм/  

Остани поврзан