• вторник, 03 декември 2024

Луѓето зиме губат коса поради недоволно витамин Д

Луѓето зиме губат коса поради недоволно витамин Д
Осло, 21 јануари 2022 (МИА) - Од генетската предиспозиција до фактори како што се стресот, хормоналната нерамнотежа и недостатокот од витамини - сѐ тоа може да предизвика губење на косата. Витамините се клучни за одржување на здравјето на телото, па ниту косата не е исклучок. Витаминот Д е особено важен за здрав раст на косата, бидејќи секој фоликул содржи рецептор за витамин Д. Недостигот од овој витамин е една од најчестите причини за опаѓање на косата кај мажите и жените, особено во зима, кога луѓето се помалку изложени на сонце. Стручњаците сметаат дека добрата исхрана и промените во начинот на живот можат да помогнат во решавање на проблемот со опаѓањето на косата предизвикано од недоволно витамин Д. Тие веруваат дека само 30 минути пладневна сончева светлина дневно е корисна за посилен имунитет, зајакнати коски и здрава коса. - Витаминот Д е важен бидејќи се метаболизира во кожата со кератиноцити. Тоа се клетки на кожата кои го обработуваат кератинот - протеин во косата, ноктите и кожата. Кога телото нема доволно витамин Д, кератиноцитите во фоликулите на косата имаат проблеми со регулирање на растот и опаѓањето на косата, објаснува Карл Кристијан, основач на скандинавскиот здравствен бренд „Њу нордик“. Покрај вообичаениот начин на миење на косата со масирање на скалпот, Кристијан препорачува повеќе риба, црвено месо и јајца. Губењето коса не е секогаш предизвикано од недостиг на витамин Д. Ова може да се случи и поради недостиг на витамин Б12 којшто обично се наоѓа во производите од животинско потекло или поради премалку протеини, што ја прави косата кршлива. Исхраната која се состои од помалку мрсно месо, масна риба, сирење со малку маснотии, киноа, јаткасти плодови и тофу може да помогне во решавањето на недостигот на протеини.  си/паг/

Остани поврзан